Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието мора да се наметне над владата за поголема контрола

Собранието мора да се наметне над владата за поголема контрола
Собранието на Република Македонија мора да се наметне за да ја извршува својата вистинска функција, а тоа е контрола и надзор над извршната власт. Во сите изминати состави пратениците беа користени како гласачки машини за регулативата која ја посакува владата, а многу помалку се вршеше суштинска контрола. Затоа принципите на пармалентарната демократијата мора да се спроведуваат, да има дебата за сите закони, пратениците да бидат поактивни и да се соработува со граѓанскиот сектор. Ова се дел од заклучоците на конференцијата за улогата на Собранието меѓу реформите и политичката волја која се одржа денеска.

Спикерот Џафери смета дека треба да се сменaт перцепцијата и довербата на граѓаните кон Парламентот. Ќе иницира расправа за збогатување на содржините на собранискиот канал. Вели дека за успешно функционирање е неопходна политичка волја.

„Мислам дека сите заедно ако навистина ја сакаме оваа наша држава, ако сме одговорни за сегашноста, но и за иднината на генерациите кои доаѓаат,  треба со сиот свој капацитет да работиме на остварувањето на овие принципи и стандарди“, рече Џафери.

Невладиниот сектор од новиот парламентарен состав очекува поголема надзорната улога, за што сметаат дека се неопходни деловнички измени. Очекуваат казни за функционерите кои не доаѓаат на расправи на комисиите.

Најголемиот проблем во досегашната работа и ангажман на пратениците не биле законите, туку нивната имплементација, смета координаторот на пратеничката група на СДСМ, Тунтев.

На конференција за зајакнување на улогата на Собранието учествуваа претставници од парламентарните партии, поранешни пратеници, како и претставници на граѓанскиот сектор.


Слично

Поврзани вести