Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА ШЕФ НА ОДДЕЛЕНИЕТО НА ГАШИ, НО И КАМЕРМАН – платите достигнуваат и до 60 илјади денари

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА ШЕФ НА ОДДЕЛЕНИЕТО НА ГАШИ, НО И КАМЕРМАН – платите достигнуваат и до 60 илјади денари

Собранието на Република Македонија ќе вработува четири лица, а огласите за тоа кои позиции ќе се пополнуваат се објавени на веб страната на Агенцијата за администрација.

Собранието е во потрага по Раководител на oдделение за тековни активности на претседателот на Собранието, Кабинет на претседателот на Собранието. Потоа се бара и Самостоен референт - снимател/камерман, Одделение за реализација на програма, Сектор за поддршка на Советот на собранискиот канал.  Се бараат кандидати и за позицијата Советник за правни прашања, Одделение за стручно-оперативна поддршка на генералниот секретар. А со овој оглас треба да се пополни и позицијата Самостоен референт за канцелариско работење, Одделение за канцелариско и архивско работење.

Условите за пријавување на огласите за работа во Собранието се горе доле слични, се бара кандидатите да се државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, здравствено способни и без судска забрана за вршење професија. 

За дел од позициите се бара идните работници во Собранието да имаат високо образование, но за различни позиции има различни посебни услови.

Она што е забележливо е што платите за позициите за кои се бараат работници се движат над 30 илјади денари, поточно за две места платата е над 35 илјади денари, а за останатите две позиции над 50 илјади денари.

Најниска плата или точно 35.947 денари би добивал идниот камерман на Собранието, и за оваа позиција не се бара високо образование, но се бара три години работно искуство.

Исто толкава плата ќе добива и референтот за канцелариско и архивско работење, за кој исто така не е задолжително високо образование.

За другите две позиции, платите се попримамливи.

Идниот советник за правни прашања би добивал нето плата од 50.541 денари, и тоа е почетен износ, ама кандидатите мора да имаат завршено факултет ако сакаат да конкурираат за оваа позиција. Се бара диплома од областа на општествените науки – право и најмалку три години работно искуство.

Највисока плата ќе има кандидатот кој ќе биде вработен како раководител на одделението на претседателот на Собранието и тоа 57.091 денар. Од идниот раководител на Кабинетот на Африм Гаши се бара да има високо образование од областа на општествените науки – конкретно Психологија и когнитивни науки, но и четири години работно искуство во струката од кои најмалку 1 година на работно место во јавен сектор.

Со оглед на специфичноста на огласот за шеф на одделението на претседателот, се јавува сомнеж дека позицијата е веќе пополнета, само треба да се формализира работното место.

Собранието пред неколку месеци имаше оглас со кој се пополнуваа дури 30 работни позииции, и во тогашниот оглас платите се движеа од 30 па до 50 илјади денари.

Рокот за пријавување за овие четири позиции истекува на 30 мај, 1 или 2 јуни, што значи дека заинтересираните имаа доволно време да ги подготват документите. Деталите на веб страната на Агенција за администрација.

По изборите има драстичен раст на огласи за вработување во државните институции. Покрај пополнувањето на разни позиции во основни училишта, се бараат лица и за во општините, но и државни институции како Фискалниот Совет, НБРСМ, Собранието, Министерството за транспорт, како и Управата за јавни приходи - УЈП, Министерство за финансии, Генерален секретаријат на Владата на Македонија...

Фактор неодамна објави дека според новиот извештај на Агенцијата за администрација е забележан остар раст на одлуките за избор на нови примени административци во 2025 година. Бројот на избрани кандидати за една година е зголемен за неверојатни 132,62 отсто.

П.О.

Слично

Поврзани вести