Во Собранието денес средба на парламентарните партии, Левица нема да присуствува
Во собранието денес напладне на лидерска средба треба да се состанат парламентарните партии.
Премиерот Ковачевски е иницијатор на средбата која ја прифатија сите политики партии освен Левица, и Движењето Беса од каде порачаа дека присуство ќе потврдат еден час пред средбата.
Дискусиите на лидерската ќе се одвиваат во насока на европската иднина на Македонија и одлуките кои треба да се донесат во следниот период а за кои е потребен политички и општествен консензус.
Слично
