Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието ја одложи седницата на која требаше да се дискутира за разрешување на Зврлевски

Собранието ја одложи седницата на која требаше да се дискутира за разрешување на Зврлевски

За во понеделник е одложена собраниската шестта седница на чиј дневен ред е разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Спикерот Џафери ја откажал денешната седница не се знае зошто а истата е закажана за во понеделник во 11:00 часот.

Денеска требаше да се разгледува и  Предлог одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител.

Вчера опозицијата формираше 10 пратенички групи и така пратениците се расцепкаа при што сега не може да се предвиди кога ќе дојде на ред разрешувањето на Зврлевски бидејќи секој од пријавените пратеници има право и на реплики и процедурални забелешки гласањето за разрешувањето на Зврлевски може да се одолговлечи.

Според собранискиот Деловник, координаторите на пратеничките групи имаат право на дискусија од 15 минути и да побараат процедурална забелешка уште 3 минути.

Слично

Поврзани вести