Собранието ја одложи денешната седница и сите активности
Седницата на Собранието што требаше да се одржи денеска е одложена за в понеделник. Станува збор за четвртото продолжение на 114.седница на која требаше да се расправа за дополнетите предлог – закони за изменување и дополнување на законите за задолжително осигурување во сообраќајот, за воздухопловство, дополнетиот предлог – закон за Инспекторат за употреба на јазиците, во второ читање.
Покрај тоа, на дневен ред требаше да биде предлог – законот за изменување на законот за основање државен универзитет „Гоце Делчев” во Штип,за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, за данок на добивка, за извршување на санкциите.
Станува збор за закони по скратена постапка, а тука се и предлог – законите за класифицирани информации, за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, во прво читање.
Треба да се разгледа и предлог – одлуката за основање Анкетна комисија за утврдување на прекршување на законите и злоупотреби во работењето на СЈО, поднесено од група пратеници.
Денеска нема да се оддржи ниту седницата на Законодавно – правната комисија.
