Собранието ја констатираше оставката на Арбен Фетаи, според најавите ќе оди во Брисел
Собранието денеска ја констатираше оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој треба да биде специјален претставник на Владата во Брисел.
Фетаи денеска не ја образложи оставката. На 1 јуни на Фејсбук напиша дека заминува од функцијата „со крената глава и чиста совест“.
Тој изрази благодарност за укажаната доверба да ја извршува функцијата вицепремиер за добро владеење.
За него имаше многу критики затоа што не доаѓал на работа, а примал плата.
Слично
