СОБРАНИЕТО ИЗГЛАСА: Државата забрани увоз на отпад за согорување
Државата забрани увоз на отпад за согорување што потоа се користи како извор на енергија.
Собранието со 62 гласови „за“ ги усвои измените на Законот за управување со отпад, што беа предложени од пратеничките на ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска.
Тие сметаат дека на овој начин ќе се постигне поголема заштита на животната средина и на здравјето на луѓето и ќе се укине можноста за увоз на отпад кој со одредбата во постојниот закон се користи како извор на енергија.
Слично
