Собранието има двотретинско мнозинство за уставните измени
Собраниски извори за 1ТВ потврдиле дека постои потребното двотретинско мнозинство за изгласување на уставните измени, што е предвидено да заврши до 15 јануари.
Претседателот на СОбранието, Талат Џафери, веќе ја закажа пленарната седница на 9 јануари за усвојување на амандманите во Уставот на РМ,
Претходно, премиерот Зоран Заев рече дека веќе има најмалку 80 пратеници како минимум за поседната фаза од уставните измени согласно Преспанскиот договор.
- Да боже, може ќе бидат 85-90, но на самиот ден треба да се 80-тина - рече Заев.
Засега од опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема конкретен став како ќе се постапува во Собранието по божиќните празници.
Слично
