Собранието и верува на администрацијата за референдумот
Собранието како овластен предлагач на реферндумот нема да определи свои претставници да ја следат работата на изборните органи за време на референдумот.
Ова е договорено на средбата на претседателот на Собранието помеѓу спикерот Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи.
Одлуката ќе ја достават и до првиот човек на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски.
Тоа значи дека законодавниот дом им верува на избирачките одбори кои ќе бидат составени од членови од јавната и државна администрација.
Првата пленарна седница Парламентот по рефрендумот ќе ја има кон средината на октомври.
Слично
