Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието го усвои Законот за средно полициско училиште

Собранието го усвои Законот за средно полициско училиште

Со 61 гласа „за“, ниту еден против или воздржан, Собранието вечерва го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена постапка.

Средното полициско училиште ќе почне да функционира од 13 мај 2026 година, во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, односно согласно новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија. Ќе работи по наставни планови и програми утврдени од министерот за образование и наука во согласност со министерот за внатрешни работи. Истото ќе биде во времетраење од две учебни години, односно трета и четврта година средно образование, така што секој кандидат/ученик по завршување на прва и втора година средно училиште, на објавен конкурс може да се пријави и доколку ги исполнува предвидените услови, своето образование да го продолжи во средно полициско училиште.

Во средното полициско училиште ќе може да се запишуваат редовни ученици кои завршиле втора година средно образование во средните училишта на територијата на државата. Воедно заинтересираните треба да исполнат и услови за прием. Меѓу нив е одредбата да се државјани на Македонија, да немаат 18 години на денот на објавување на јавниот повик за прием на ученици во Средното полициско училиште. Исто така ќе мора активно да го користат македонскиот јазик, да се здравствено и психофизички способни, а ќе се прави безбедносна проверка која треба да утврди дека не постои безбедносен ризик. Воедно за запишувањето на редовните ученици потребна е писмена согласност на родителот, старателот, односно застапникот по закон на ученикот.

Слично

Поврзани вести