Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието го усвои Законот за младински додаток: 3.000 денари за млади до 23 години

Собранието го усвои Законот за младински додаток: 3.000 денари за млади до 23 години

Собранието на денешната 102. седница го донесе Законот за младински додаток, со кој младите лица до 23 години, вработени во производните области, ќе добиваат месечен додаток од 3.000 денари.

Со ова законско решение се предвидува финансиска поддршка за младите работници во производствениот сектор, со цел да се поттикне нивно вработување и задржување на пазарот на труд.

На седницата пратениците го усвоија и Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Собранието донесе и одлука за испраќање припадник на Армијата на Република Северна Македонија во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, информираше дека седницата ќе продолжи утре во 12 часот.

Слично

Поврзани вести