Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието го усвои законот: Со Б категорија ќе може да се вози мотор до 125 кубици

Собранието го усвои законот: Со Б категорија ќе може да се вози мотор до 125 кубици

Собранието на Република Северна Македонија ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои возачите со Б категорија ќе можат да управуваат мотоцикли од А1 категорија со автоматски менувач, со зафатнина до 125 кубни сантиметри и моќност до 11 киловати.

Според предвидените услови, ова право ќе важи за лица постари од 23 години, кои имаат Б категорија најмалку пет години и ќе поминат четиричасовна теоретска обука. Обуката ќе важи само на територијата на државата, а практичната примена ќе следува откако МВР ќе ги утврди содржината на обуката, формата на потврдата и начинот на евиденција. Со тоа, се олеснува пристапот до управување со помали мотоцикли за граѓаните кои веќе имаат возачко искуство.

Слично

Поврзани вести