Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Собранието денеска со мнозинство гласови го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Вицепремиерот Александар Николоски во образложението на предлогот на Владата тој да биде на чело на ЈО, изјави дека очекува да работи на враќање на довербата во институцијата. Кажа дека Савески е професионалец докажан во својата работа.

Ненад Савески во интервју за МИА дадено пред неговиот избор рече дека нема да води селективна правда бидејќи за него сите предмети се важни, ниту пак ќе има предмети во фиока. Како приоритети најави дигитализација на работењето на Обвинителството, како и поголема отчетност и транспарентност. 

Рече дека ќе работи на подобрување на условите за работа.

Во декември лани Љупчо Коцевски си поднесе неотповиклива оставка од функцијата државен јавен обвинител. Владата имаше забелешки за неговото работење. 


Слично

Поврзани вести