Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието ги разреши Тевдовски, Фазлиу и Лика

Собранието ги разреши Тевдовски, Фазлиу и Лика

Драган Тевдовски, Сухејл Фазлиу и Хазби Лика повеќе не се дел од Владата на Зоран Заев. Собранието вечерва ги разреши со 64 гласа „за“ министерот за финансии Тевдовски, министерот за локална самоуправа Фазлиу и вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор, Лика. 

Претходно во текот на денот, беа констатирани оставките на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, на министерот за култура Асаф Адеми, на министерот за животна средина Садула Дураку и на министерот без ресор Зоран Шапуриќ.

Многу критики за работата на Владата имаа пратениците од опозицијата, додека премиерот Зоран Заев го повлече предлогот да биде министер за финансии откако на тоа дека тоа е незаконски укажа Државната комисија за спречување на корупцијата.

Слично

Поврзани вести