Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието даде зелено светло за новиот состав на ДИК

Собранието даде зелено светло за новиот состав на ДИК

 Собранието попладнево го изгласа новиот состав на Државната изборна комисија.

100 пратеници гласаа „за“, немаше „против“ ниту  „воздржани“. По предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за претседател на ДИК е избран Оливер Дерковски.

Дитмире Шеху од ДУИ е потпретседател, а Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса ќе бидат членови на ДИК.

Овој состав на ДИК ќе има мандат од шест месеци, за да го организира референдумот за Договорот со Грција, а потоа Државната изборна комисија ќе биде професионализирана.

Слично

Поврзани вести