СОБРАНИЕ: Пратениците ја утврдија потребата од измена на Законот за пушење
„Предлагаме бришење на една алинеа, измена на еден став со цел да се овозможат еднакви основи за сите угостителски работници кои мака мачеа со селективна примена на Законот, ненарушувајќи ги притоа воопшто правата на непушачите. Напротив, со овие измени и дополнувања бараме само, таму каде што е дозволено сега пушењето по закон, да биде дозволено и натаму по закон, без оглед на моменталните метеоролошки услови“, истакна пратеникот Томислав Тунтев во однос на измените на Законот за пушење чија потреба денеска беше утврдена.
Тунтев додаде дека се работи за нов пристап а за овој законќе биде организирана и јавна расправа со сите засегнати страни.
Опозицијата пак предложи предлог-закони да се симнат од дневниот ред зашто се предложени по скратена постапка но овој предлог на пратеникот Илија Димовски не беше прифатен, „за“ гласаа 40 пратеници, а против беа 60.
