Собрание на РСМ и одговори на професорката Силјановска: „Рекет“ е избришан поради бучава
Собранието на РСМ и одговори на поранешната кандидатка за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, дека евентуалниот збор „Рекет“ што го искажала за време на експертската дебата за Законот за Јавно обвинителство не бил вметнат во стенограмот и наместо тоа стоело тире затоа што имало бучава во моментот кога го изговорила.
Службите во Собранието, како што гласи одговорот од таму, го потцртале местото каде што требало да стои збопрот „Рекет“ затоа што во моментот не бил слушнат поради вревата и дека во праксата било да се става тире наместо зборовите кои не се добро разбрани.
„Жестоко атакуваа на „ Трето полувреме“ за да не се замерат со бугарската власт, која наместо да се извини за ужасната, трагична, незаборавна сага за Македонските Евреи, бега од историската вистината. Го цензурираа филмот „ Ругање со Христа“, без да го гледаат, повредувајќи го правото на слободно уметничко творештво. Ја цензурираа книгата на Стојан Андов, газејќи врз правото на слободно изразување на мислата. Среде Собранието како „ школа на демократијата“ цензурираат експертски излагања. Го избришале од стенограмот на обраќањето на проф. Сиљановска Давкова зборот „ РЕКЕТ“. Што е следно во демократијава што „блеска“/блес(к)ави: забрана да се изговори „ „Рекет“, среде Рекетарска Македонија?
Погледнете ги стенограмски белешки од јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“ од 28-01-2020 година. Кај моето излагање наместо зборот „ рекет“, има долго тире, како симбол за „ рекетирање што тече“?! Уште една манифестација на хибриден режим!“, реагираше вчера професорката на својот профил на Фејсбук.
Јавната дебата за Законот за јавното обвинителство заврши кај експертите кои беа поканети во Собранието, но не и препукувањата меѓу власта и опозицијата. Од владејачката СДСМ посочија дека Министерството за правда работи на сублимирање на забелешките од дводневната собраниска дебата, а ВМРО-ДПМНЕ побара сите да бидат вметнати како амандмани во законот кој ако се донесе ќе значи дека ќе се формира Обвинителство за организиран криминал и висока корупција кое треба да гони политичари.