Собрание: Измените на Законот за лична карта пред пратениците
Законодавниот дом денес треба да ја продолжи 29та седница на чиј дневен ред се повеќе закони по скратена постапка.
Како што информираат од Собранието, на дневен ред се ставени измените и дополнувањата на Законот за лична карта по скратена постапка, а пред пратениците ќе се најде и Предлогот на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование.
На дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, на Законот за метрологијата, на Законот за заштита и благосостојба на животните и на Законот за идентификација и регистрација на животните, но и како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за библиотеките, Законoт за заштита на културното наследство и на Законот за прекршоците, сите по скратена постапка.
