Собрани потписите за независните советнички листи за гласање во Центар, Карпош, Росоман и Кочани
Државната изборна комисија објави дека заклучно со вчерашниот ден собрани се потписите за четири независни советнички листи за локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври.
Станува збор за листата на кандидати за советници за Општина Центар, со носителот Јана Белчева – Андреевска, советничката листа за општина Кавадарци со Петар Камчевски, советничката листа за општина Росоман со Ристо Сакалиев и советничката листа за општина Кочани со носителот Аки Акиев.
Собирањето потписи кај кандидатите за градоначалници во меѓувреме продолжува за Ана Петровска Град Скопје, Васко Костов за Карпош, Зоран Лазаровски-Паљо за Битола, Дејан Велиновски за Македонска Каменица, Сенат Усеиноски за Охрид и Слободан Даневски за Свети Николе.
Собирањето на потписи трае заклучно со 30 август.
