СОБРАНА Е ДОКУМЕНТАЦИЈА: ОЈО испрашало повеќе лица за дивоградбите во Чаир
Oсновното јавно обвинителство(ОЈО) испрашало повеќе лица за дивоградбите во Чаир, собрана е и документација.
Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир, за која постои сомнеж дека е фалсификувана. Од ЈОРМС информираат дека предметот е оформен по допрен глас врз основа на медиумски написи.
По анализа на севкупниот материјален и вербален доказен материјал чие обезбедување во овој предмет е во финална фаза, ќе следи донесување и на соодветна јавнообвинителска одлука.
Скопската градоначалничка Данела Арсовска бараше ОЈО да отвори постапка за дивоградбите во Чаир. Таа обвини и дека добива закани. Полицијата го лоцирала лицето и со него извршила разговор.
Слично
