СОБРАЛ ТРИ ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА И ЕДЕН ПЕШАК - Тешка сообраќајка утринава во Охрид, пешакот сместен во Еразмо
Утринава во Охрид се случила тешка сообраќајна незгода во која најдебелиот крај го извлекол пешак, кој се здобил со тешки повреди и завршил во болницата Свети Еразмо во Охрид.
Како што информираат од СВР Охрид, млад охриѓанец кој возел форд фокус, најверојатно изгубил контрола над возилот и притоа удрил во пешакот И.К. но и во три други возила кои биле пакирани на улицата.
- На 07.07.2023 година во 04.20 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид патничко возило „форд фокус“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(21) од Охрид удрило во пешак И.К.(41) од Охрид, паркирани патнички возила „фиат пунто“ и „волво“ со охридски регистарски ознаки и „мазда 5“ со српски национални ознаки - посочуваат од СВР Охрид.
Од таму додаваат дека во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот А.К. со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
По наредба на јавен обвинител, увид извршија полициски екипи.
