Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собирала донации, но ја измамиле и со нејзини податоци подигнале брзи кредити

Собирала донации, но ја измамиле и со нејзини податоци подигнале брзи кредити

Жена пријавила во полиција дека со нејзините податоци се подигнати брзи кредити. 

Таа собирала донации, по што ја измамиле. Жена од Кочани на возраст од 44 години со живеалиште во Пробиштип вчера во ОВР Пробиштип пријавила  дека нејзината лична карта била злоупотребена. 

На Фејсбук таа ја објавила својата трансакциска сметка за уплата на донација за лекување на член на фамилијата, по што порака на социјалната мрежа ѝ пратило лице кое ја побарало личната карта со ветување дека ќе донира. По кратко време на сметката ѝ се исплатени 70.000 денари од две финансиски друштва. Веднаш потоа ѝ се јавило машко лице кое, претставувајќи се  како сопственик на фирма, ја известило дека наводно по грешка ѝ била извршена уплата на нејзината сметка.

„Побарало парите да му ги врати, испраќајќи ги по такси возило во Скопје. Таа се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција. Во координација со  јавен обвинител се преземаат мерки за негово расчистување“, велат од полицијата. 

Во полициските билтени често има измами, поради што имаше забелешки дека регулативите треба да бидат построги и да спречат вакви измами. И во медиумите имаше истражувачки стории во кои измамените луѓе сведочат дека наседнале и не знаеле дека толку брзо и лесно може да се земе кредит, згора на тоа и на туѓо име. 

Слично

Поврзани вести