Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собир на Единствена Македонија: Граѓаните извикуваа „Русија“ и „Путин“

Собир на Единствена Македонија: Граѓаните извикуваа „Русија“ и „Путин“

Собирот на Единствена Македонија за поддршка на протераниот руски дипломат и рускиот народ има попладнево во Скопје. 

Настанот е пред Амбасадата на Руската Федерација, каде присуствува и рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак.

Амбасадорот рече дека се врши антируска кампања во Македонија, и вели дека избрзано е донесена одлука за протерување. Тој додаде дека со големо жалење морале да преземат противмерки. 

„Многу добро разбираме дека овој чин не го одразува мислењето на народот. Русија беше и останува пријател на народот на Република Македонија “ - рече амбасадорот. 

Граѓаните извикуваа „Русија“ , „Путин“ и „Ние сме окупирани“. 

Слично

Поврзани вести