Со живиот Тито, економската реформа на Киро Глигоров беше осудена на пропаст
За огромното мнозинство граѓани Киро Глигоров ќе остане запаметен по успешното отцепување на Македонија од Југославија, како единствена земја што успеа да го оствари овој потфат без војна на своја територија.
Во овој текст, авоторот Синиша Малус повеќе се занимава со она што е помалку познато за Глигоров, а тоа е дека тој беше еден од главните економски протагонисти на поранешна СФРЈ. Глигоров беше автор на големата економска реформа од 1964 година.
Реформата беше промовирана на 8-от Конгрес на СКЈ, одржан во декември 1964 година во Белград. Формално, реформата ја водеа тогашните врвни партиски лидери; Едвард Кардељ и Владимир Бакариќ, но вистински креатор на реформата беше тогашниот Сојузен секретар за финансии (1962-1967) во Сојузниот извршен совет (влада на СФРЈ) Киро Глигоров со тим економски експерти од целата земја, меѓу другите од Хрватска; Драгомир Војниќ и Божо Марендиќ, а од Србија - Борислав Јовиќ.
Во контекст на тоа време, програмата претставуваше голем пресврт од претходната економска пракса. Целта на реформата беше да се воведе законот за понуда и побарувачка (пазарна економија), давајќи им поголема независност на компаниите. Давање поголема слобода на приватниот капитал (обновување на занаетчиството и помали економски погони). Монетарна реформа - воведување на реален курс на динар (целта беше конвертибилниот динар), тој беше девалвиран на 25 јули 1965 година, од 750 на 1250 за еден долар (66,7%) и во исто време е спроведена деноминација. Овие мерки значеа и воведување на надоместок за работа, но исто така и нагло зголемување на социјалните разлики со големо зголемување на невработеноста. Како дел од реформата, надворешната трговија беше либерализирана, - граѓаните на СФРЈ можеа практично без никакви ограничувања да аплицираат и да добијат пасош и да патуваат каде што сакаат на Запад.
Повеќе детали на Машки магазин овде