Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со жив штит утре ќе се заобиколи ГТЦ

Со жив штит утре ќе се заобиколи ГТЦ
Под мотото „Го сакам ГТЦ“ утре попладне група интелектуалци и граѓани ќе го обиколи ГТЦ држејќи се за раце. -Се очекува над 500 граѓани да „го гушнат“ објектот кој е „антологиски претставник на македонската архитектура од втората половина на 20-от век“, вели Даница Павловска, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
На прес-конференцијата претпладнево Павловска  ја покажа шемата на обрачот и информираше дека најпрвин на влезот на ГТЦ ќе се потпишува петиција со која се бара спречување на неговото рефасадирање, според проектот на Жарко Чаушевски и Филип Богатинов, кои стојат зад голем број решенија од проектот „Скопје 2014“. Околу 18 часот за ГТЦ ќе говорат видни архитекти, стручњаци, граѓани, а потоа ќе следи „гушкањето“ на објектот. - Тука сме да ги повикаме граѓаните на протест. Овој собир не е партиски. Не е политички – беше децидна Павловска. На прашањето кога и дали правно ќе биде сопрено рефасадирањето на ГТЦ, таа изјави дека ААМ е сепак само една невладина организација која го направила своето и дека се чека на одговор од Министерството за транспорт и врски и Комората на архитекти на Македонија, кои се единствени кои можат да ги одземат овластувањата на архитектите и лиценците на фирмите - изведувачи.  
Слично

Поврзани вести