Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со заведен проблем во записник конечно одобрен приговор на БЕСА

Со заведен проблем во записник конечно одобрен приговор на БЕСА

Државната изборна комисија прифати само еден од осумте приговори доставени од БЕСА бидејќи и во записникот на општинската изборна комисија било заведено дека на гласач му било оневозможено да гласа поради тоа што претходно некој веќе го искористил неговото право и бил потпишан во списокот.

Одлучено е конкретната гласачка кутија да биде отворена и притоа претседателот Чичаковски ја задолжи службата на ДИК да ја донесат конкретната гласачка кутија на којашто се однесува приговорот, какои и претседателите на избирачкиот одбор и на општински изборни комисии. 

По кратката пауза ќе се решава за приговорите кои СДСМ ги достави за изборни нерегуларности и увид во гласачкиот материјал кој според нив е според бидејќи се разликува од записниците на општинските изборни комисии, а конечна одлука треба да се донесе до полноќ, за потоа да започне да тече рокот за поднесување жалби до Управниот суд.


Слично

Поврзани вести