Со закана дека има бомба украл прстен во златарница
Непознато лице вчера се заканувало дека има бомба во позната златарница во Струга, со што одзело прстен.
Настанот се случил околу 17.15 часот во златарница на улица ,Маршал Тито“ во Струга, при што непознатото лице извршило разбојништво над вработениот.
Сторителот од вработениот побарал прстен кој претходно го нарачал. Откако вработениот, по извршен разговор со сопственикот, му рекол дека треба прво да го донесе неговиот прстен, непознатото лице ставило една кеса на масата и му се заканило дека во неа има бомба. Сторителот одзел еден златен прстен со вредност од околу 11.000 денари и побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.
Слично
