Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со заеми од ЕЛЕМ и МЕПСО ќе се пушти плата за МЖ Транспорт

Со заеми од ЕЛЕМ и МЕПСО ќе се пушти плата за МЖ Транспорт

Владата донесе две одлуки за одобрување на барањата за заем од државните енергетски компании ЕЛЕМ и МЕПСО за да се соберат финансиски средства за исплата на ноемвриската плата за МЖ Транспорт.

Со оглед на тоа што годината завршува и годишниот буџет е веќе алоциран, ова е едно компромисно решение со кое од еден државен субјект се префрлаат пари во друг државен субјект на кого тоа му е потребно.

На оваа седница ја разгледа и прифати Одлуката од Управниот одбор на АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост, со која се одобрува барањето за заем доставено од Македонски железници Транспорт АД Скопје.

На седницата министрите во владата ја разгледаа и прифатија и одлуката на Управниот одбор на АД МЕПСО Скопје во државна сопственост, со која е одобрено барањето за заем од Македонски железници Транспорт АД Скопје.


Слично

Поврзани вести