Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ЗАДОЦНУВАЊЕ АМА МЕРКО СЕ ПОДОБРИ: Заев ветува поддршка од СДСМ за вториот круг во Струга

СО ЗАДОЦНУВАЊЕ АМА МЕРКО СЕ ПОДОБРИ: Заев ветува поддршка од СДСМ за вториот круг во Струга

Секаде каде СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг а од спротива е опозицијата, поддршката на нашето членство ќе биде за коалицискиот партнер, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев кој денеска беше во Охрид. Рече дека коалицијата е стабилна и неговата партија ќе го поддржи и Рамиз Мерко за Струга и покрај тоа што Заев имаше забелешки на неговата работа.

„После моите апели во име на иднината на Охрид, па и на Македонија, имаше доста промени за преземање чекори во насока на потврдување на статусот во УНЕСКО. Во тој момент не бевме задоволни од градоначалникот на Струга, но со задоцнување од седмица, две почна и тој затоа што Охрид е и на охриѓани, стружани, на сите нас, тој е светско богатство и нема да ни дозволат да мрднеме ниту сантиметар. Дали тоа е Заев, Коста, Рамиз или било кој, наша обврска и должност пред идните генерации тоа мора да биде така, рече Заев.

Вели дека во општините каде се присутни само коалициските партнери, како Долнени, Арачиново, Чашка, ќе се обидат да победат како СДСМ. 

„Таму каде се коалициските партнери ДУИ и БЕСА, оставаме граѓаните, секако тие сами одлучуваат, секако и нашите членови имаат инструкции да гласаат по слободно убедување за она што е најдобро за нивниот град, рече Заев 


Слично

Поврзани вести