„СО ЗАБРЗАНО ТЕМПО СЕ РАБОТИ НА ГЛАВНАТА ТРАСА“: Трајановски сподели до каде е изградбата на автопатот кон Охрид
Првиот човек на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски преку социјалните мрежи повторно објави како се одвиваат работите на автопатот кон Охрид.
Притоа тој укажа дека редовно се врши увид во градежните активности и следење на динамичкиот план за работа одблиску на автопатот Кичево - Охрид .
- Со забрзано темпо се работи на асфалтирање на главната траса, изградба на клучка Требениште, потпаник Требениште, се поставува заштитна еластична ограда и асфалтирање на натпатникот кај Подмоље.
Планот е пред празниците да се вози по ново автопатско решение во должина од 3 километри. Сакам јавно да се заблагодарам до надзорот, изведувачите, министерството за транспорт, МВР и секој еден кој е вклучен во реализацијата на овој многу значаен проект за Македонија - нагласува Трајановски во објавата на социјалните мрежи.
Слично
