Со воз од Гевгелија до Скопје се патува и повеќе од 7 часа!
Патниците кои патуваа со возот од Гевгелија кон Скопје, вчера се возеа повеќе од седум часа за да стигнат до метрополата. Тргнале во 10 часот и десет минути утрово, а наместо да стигнат во 12.40, како што пишува во возниот ред, и во 17 часот возот се уште беше на станицата во Драчево, пренесе Телма.
Првиот застој се случил во Демиркаписката клисура, каде чекале повеќе од еден час, без никој да им објасни во што е проблемот, додека пред железничката станица во Драчево, во возот удрила импровизирана моторна приколка.
Возачот минал со полесни повреди, но затоа увидот траел, а возот ја блокираше пругата и од двете страни.
Патниците кон Скопје го продолжиле патот со такси или автобуси.
Слично
