Со „волво“ удрил пешак во центарот на Скопје и побегнал
Возач на „волво“ удрил пешак во центарот на Скопје и побегнал од местото на несреќата, објави МВР.
Инцидентот се случил синоќа на раскрсница кај Веро Тафталиџена половина час пред полноќ. Средовечниот пешак се здобил со телесни повреди.
Возилото удрило во семафор, потоа во пешакот и возачот го напуштил местото. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
– На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.
