Со ветото за Македонија, Борисов си ја спасува фотелјата, анализа на „Балкан Инсајт“
Граѓаните на Бугарија сметаат дека новата остра реторика на Бугарија кон Македонија има и дневна политика од бугарските власти кои тоа го прават само за глас повеќе на следните избори закажани за март следната година. Ова го тврди и „Балкан Инсајт“ во нова анализа за бугарско-македонскиот спор. Претходно вакви брифинзи стасуваа и од некои европски дипломати. Според нив Борисов сака да го истурка ова само за да остане на власт, во врме кога во земјата има доста протести и незадоволство околу неговото владеење.
„Двете страни се спорат со нивните ставови за херојот од османлискиот период Гоце Делчев. Аналитичарите, сепак, поставуваат прашање колку сето ова е важно за обичните Бугари и во вжештената реторика гледаат невешто маскирани обиди да се добијат уште неколку гласови на изборите што треба да се одржат во март следната година, се оценува во анализата на „Балкан Инсјат“.
