Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ И ОГНОМЕТ КАКО „ШЛАГ НА ТОРТАТА“: Еве како се славеше Денот на албанското знаме

СО УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ И ОГНОМЕТ КАКО „ШЛАГ НА ТОРТАТА“: Еве како се славеше Денот на албанското знаме

Со рафали и огномети но и со уништување на македонското знаме, вечерва се прославуваше Денот на албанското знаме.

Вечерва на „Икс“ беше објавена и снимка за која се вели дека е направена во близина на Бит-пазар, и на која се гледа како славениците го кинат македонското државно знаме.

Според Кривичниот законик, за „тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Северна Македонија, нејзиното знаме, грб или химна“, предвидена е парична казна или затвор до една година.

До редакцијата на Фактор пристигнаа видеа на кои повеќе од една минута се слуша пиротехника. 

„Не преплашија, пукаа огномет на полноќ и тоа во неколку наврати подолго од една минута. Во ред е да се слави, но вака ли треба?“, прашуваат бутелчани.



Слично

Поврзани вести