Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Жител на општина Студеничани сакал да влезе во Македонија преку граничниот премин Блаце со украден џип од италијанска фирма, објави МВР во билтенот.

„На 27.03.2024 во 15.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Р.(39) од с.Црн Врв, општина Студеничани. При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото „џип компас“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, евидирало во базата на Интерпол како украдено“,пренесува полицијата.

Тој бил задржан во полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Слично

Поврзани вести