Со тврд предмет ја удирала ќерка си која има здравствени проблеми: Кривична пријава за жена од Ресен
Четириесет и деветгодишна жена од Ресен со тврд предмет ја удирала својата малолетна ќерка, која има здравствени проблеми, соопшти полицијата.
„Надворешна канцеларија за криминалистички работи Ресен, поднесе кривична пријава против Д.А.(49) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете” и „телесна повреда“. На 03.10.2025 пријавената, во с.Дрмени, ресенско, физички ја нападнала својата малолетна ќерка, која имала здравствени проблеми, при што употребила тврд предмет“, велат од МВР.
Слично
