Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Со тупаници и закани и забранувал да биде со друг“: ОЈО бара притвор за маж кој ја нападнал поранешната партнерка

„Со тупаници и закани и забранувал да биде со друг“: ОЈО бара притвор за маж кој ја нападнал поранешната партнерка

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од ОЈО појаснуваат дека постои основано сомнение дека тој на 19 ноември, со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волјата на оштетената ја принудил на сексуален однос.

- Жртвата, со која претходно биле во подолга врска која таа ја прекинала, ја пречекал пред работното место и ја викнал да влезе во кола за да разговараат и да ја однесе дома. 

Но наместо тоа, со автомобилот свртел по полски пат, па во возилото ја удирал по лицето и и се заканувал дека не смее да биде во врска со друг. 

Кога застанал, оштетената излегла од автомобилот, но тој со шлаканици и боксови ја вратил во возилото и ја принудил на полов однос на кој таа постојано се спротивставувала - нагласуваат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Слично

Поврзани вести