Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со трактори и комбајни протестираат „За заедничка Македонија“

Со трактори и комбајни протестираат „За заедничка Македонија“

Луѓето кои се дел од иницијативата „За заедничка Македонија“ вечерва протестираат со трактори и еден комбајн прекриени со македонски знамиња. 

Земјоделците даваат поддршка на протестите со цел да се сочува унитарниот карактер на Македонија. 

Тие изразија огромно разочарување од лидерот на СДСМ, Зоран Заев поради, како што напишаа на официјалниот нивни профил на социјалната мрежа Фејсбук неотфрлањето на Тиранската платформа чија цел според нив е редефинирање на граѓанска Македонија.

Побараа јасно и недвосмислено целосно отфрлање на платформата  и најавија дека продолжуваат со протестите се до целосно исполнување на нивните барања.

Денеска е десетти ден од протестите во Скопје и други дваесетина градови низ Македонија.

Пејачи, актери, припадници на помалите етнички заедници, спортисти се појавија на протестите деновиве или пак дадоа поддршка на социјалните мрежи со свој став. 

Слично

Поврзани вести