Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со топење на снегот можно ли е да има излевања?

Со топење на снегот можно ли е да има излевања?

Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека во наредниот период може да дојде до излевања поради топење на снегот. 

Нивото на Охридското Езеро е за 4 сантиметри под дозволената минимална кота, а водостојот на Вардар во Јегуновце и Скопје е повисок од вообичаените максимуми за февруари, додека кај другите реки е понизок, соопштија денеска од УХМР. 

Од УХМР предупредуваат дека  во следниот период, поради топење на снегот во рамниците е можна појава на заезерени површини, особено во делови на Пелагонија, Струмичко Поле, Кумановско и Скопско Поле. 

Македонија со денови беше под снежна покривка, која со покачување на дневните температури деновиве се топи. 

Слично

Поврзани вести