Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче и Адеми најдоа „чаре“ за морбилите-еве како ќе се спречува епидемијата

Филипче и Адеми најдоа „чаре“ за морбилите-еве како ќе се спречува епидемијата

Со агресивна кампања и теренска вакцинација ќе се надминува епидемијата од морбили во земјава.

Ова денеска го кажа министерот за образование Арбр Адеми.

Министерството за образование заедно со министерството за здравство и со усогласување со законот, најавуваат дека, утре, петок ќе се започне со вакцинирање на терен. Оваа најава на Адеми, доаѓа по вчерашната најава на министерот за здравство Венко Филипче дека нема да се примаат невакцинирани деца ниту во училиштата.

Според Адеми агресивната кампања за теренска вакцинација ќе ги даде очекуваните резултати и дека ќе помогне во надминувањето на епидемијата на ситни сипаници во земјава. 

Слично

Поврзани вести