СО ТАРАВАРИ СЕ СОГЛАСИВМЕ ЗА МНОГУ ТЕМИ, НЕ МОЖАМ ДА КАЖАМ КОЛКУ Е ТОА ВО ПРОЦЕНТИ - Ковачевски по Извршниот одбор на СДСМ
По вечерашниов состанок на Извршниот одбор на СДСМ, премиерот Димитар Ковачевски, за медиумите изјави дека станало збор за многу теми, но не и за конкретни кадровски решенија со Алијанса за Албанците.
„Во најголем дел се согласивме, не можам како Таравари да кажам колку е тоа во проценти, но останува да се утврдат деталите во текот на наредниот период. Разговарав и со Алтернатива, имавме состаноци во изминатите денови, ќе има и во наредните денови“, изјави вечерва Ковачевски.
Тој соопшти и дека на сотанокот станало збор за голем број актуелни теми , како реформи во судството и за обвинителството, како и за стратешкото партнерство со САД. Се зборувало за можно проширување на власта со приклучување на нов владин партнер, но не за кадровски решенија.
Повтори дека разговорите ќе продолжат во следните денови.
