Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со свечена заклетва Џолев вети дека ќе го врати угледот на судот

Со свечена заклетва Џолев вети дека ќе го врати угледот на судот

И официјално Иван Џолев е новиот претседател на Кривичниот суд.

Со свечена заклетва Џолев ја презеде должноста.

Тој рече дека нема да дозволи никаков притисок врз судиите и дека заедно ќе работат за да го вратат угледот на судот.

Новозибраниот претседател кој дојде на оваа функција откако  в.д. претседателот на Кривичен суд Стојанче Рибарев си поднесе оставка, потенцираше дека има има прегрупирање и се надевам дека нема да има незадоволни судии, но дека итни прераспоредувања нема да има, освен по исклучок доколку се појави некоја итна интервенција

Џолев за нов претседател беше изгласан со 11 гласа „за“ и два „против“ на седница пред два дена.

Другите кандидати беа судиите Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова.

Слично

Поврзани вести