Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО СПУТНИК В ОД УТРЕ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, А НЕ СТАРИ ЛИЦА - од МЗ велат, ова е поради проширување на ковид капацитетите во земјава

СО СПУТНИК В ОД УТРЕ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, А НЕ СТАРИ ЛИЦА - од МЗ велат, ова е поради проширување на ковид капацитетите во земјава

Утре во поликлиниката Букурешт започнува ревакцинацијата со вакцината Фајзер. Во поликлиниката Јане Сандански ќе се одвива имунизација со вакцината Спутник. Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.

На наше прашање за тоа кои лица од утре всушност ќе се вакционираат, од Министерството за здравство велат дека поради проширувањето на ковид капацитетите и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање на ковид инфрекција, од сите институции во државата.

Преку vakcinacija.mk се направени 76.990 пријави. Од страна на матични лекари направени се 53.473 анкетa. До сега вкупно се пријавени (и од сајт и од матичен) 61.908 лица над 70 години. 

Вкупно вакцинирани: 3.759

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести