Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со сомнително возило и фалсификат пасош сакале да влезат во Македонија

Со сомнително возило и фалсификат пасош сакале да влезат во Македонија

Eдно лице вчера се обидело да ја помине српско македонската граница на граничниот премин Табановце со сомнително возило, а друго лице со фалсификуван пасош сакало да влезе во земјава.

Во 14 часот српскиот државјанин А.Ф. (23) од Бујановац се обидел да влезе во земјава со патничко возило Мерцедес, кај кое било констатирано дека VIN бројот отстапува во оригиналниот, односно немало типска налепница.

Два часа подоцна при контрола на Б.К. (22) било утврдено дека имал фалсификуван пасош, односно преправан бил штембилот под кој имало втиснато штембил со впишана забрана за влез во земјите членки на Европската Унија.

Слично

Поврзани вести