Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БАРА ДА СЕ ПОНИШТИ ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС: Носат закон за политичка операција, рече Стоилковски

СО СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БАРА ДА СЕ ПОНИШТИ ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС: Носат закон за политичка операција, рече Стоилковски

Ако власта не го повлече Законот за попис од собраниска процедура, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе започне постапка за собирање потписи со кои ќе се опозициската партија ќе бара поништување на Законот.

Партискиот портпарол, Наум Стоилковски рече дека Законот за попис е без методологија и има индиции што укажуваат дека тој нема да се спроведе како статистичка операција.

–Вака како што е планирано, како што се носи е  без методологија и Закон што содржи индиции за политичка, а не за статистичка операција. Таа акција ќе биде спроведена онака како што треба, преку подрачните единици на Министерството за правда, луѓето ќе може да се потпишат во подрачните единици низ градовите, а бројот на потпишани нема да биде нешто за занемарување од страна на владејачкото мнозинство. И целта е тоа, да се повлече овој закон и да се донесе закон кој што ќе значи општествен консензус за статистичка операција-попис поддржана од сите, истакна Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.


Слично

Поврзани вести