Со службениот пиштол ранил две момчиња
Полицаец од Тетово застрелал две момчиња и самиот се пријавил во полиција.
Две лица се повредени од огнено оружје откако вчера, половина час пред полноќ, во нив пукал 25 годишен полициски службеник кој не бил на работа.
Ф.В.(26) и А.Х.(22), двајцата од село Вејце, Tетовско, се примени во тетовската болница со прострелни рани од огнено оружје, од каде поради сериозноста на повредите се префрлени на скопските клиники.
По инцидентот, полицискиот службеник Н.Х. сам се пријавил во полициската станица во Тетово, признавајќи дека со службениот пиштол пукал во двете момчиња.
Од МВР информираат дека полицискиот службеник е задржан во полиција, а за случајот е известен и секторот за Внатрешна контрола.
Слично
