Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со скапи јапонски техники до спас на Охридското Езеро

Со скапи јапонски техники до спас на Охридското Езеро
Јапонските експерти веќе го изготвиле финалниот извештај за состојбата на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро и најавија предлози и техники за негова рехабилитација. Ова го посочија денеска претставниците на Билатералниот секретаријат за Охридското Езеро и  Јапонската агенција за меѓународна соработка. На средбата во Охрид, како што појасни Дејан Пановски, претставникот на Министерството за животна средина и просторно планирање, токму техниките за рехабилитација на системот за заштита на Охридското Езеро од отпадните и фекланите води ќе бидат презентирани од јапонските експерти на посебен работен состанок,закажан за 2 јули во Охрид.

„Јасно е дека најголемиот предизвик во функционирањето на колекторскиот систем е мешањето на останати води со водите во системот и лошата состојба на цевководите низ поголем дел од мрежата. Решенијата за долгорочна заштита се или изградба на нов систем или рехабилитација на постојниот. Пресметките говорат дека огромни се средствата кои ќе бидат потребни за овој процес и затоа после презентирањето на состојбата и техниките мораме да влеземе во агресивен приод кон донаторската заедница. Езерото мора да ни биде вечен приоритет“, изјави Пановски.

Слично

Поврзани вести