Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со секира ја нападнал сопругата, а потоа е најден мртов на нива

Со секира ја нападнал сопругата, а потоа е најден мртов на нива

Трагедија се случи во околината на Скопје. 

Скопјанец со секира  ја нападнал сопругата додека спиела, а потоа e пронајден мртов. 

Станува збор за шеесет и едногодишен маж кој утрово со секира ја нападнал неговата сопруга додека спиела во семејниот дом.

Мажот потоа избегал со возилото, а сопругата е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди.

Мажот неколку часа подоцна е пронајден починат на нива со повреда на вратот.

Полицијата извршила увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. 

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести