Со секира дошол пред МВР да си ги бара децата
Пијан маж на возраст од 52 години се појавил вчера на задната капија на Министерството за внатрешни работи од страна на улицата „Павел Шатев“, со секира во рацете.
Околу 20.30 часот него го забележал полициски службеник кој ја вршел својата редовна служба.
„Откако полицискиот службеник побарал да се легитимира, лицето му рекло дека си ги бара децата и сакал да пријави настан по што ја фрлил секирата веднаш до оградата. Утврдено е дека се работи за А.Д. (52) со живеалиште во Скопје и тој е приведен во Полициската станица Центар. Се работи на расчистување на случајот“- соопштуваат од МВР.
Човекот се движел кон задната капија на министерството со секира во раката и удрил три пати во железната барикада.
Слично
