Со референдум ќе се бара продолжување на породилното
Граѓанската инцијатива „450 Породилно(Пеленска револуција) организира референдум за донесување на предлог Закон за работни односи со кој ќе се зголеми времетраењето на платено отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство.
Tие бараат од сегашните 9 месеци(за едно дете) и 15 (за повеќе деца), да се зголеми на 18 месеци за сите мајки без разлика колку деца раѓаат.
Потписите ќе се соберат во период од 17 дена, од 20 месецов до 7 октомври во канцелариите на ДИК во сите градови низ државата. На граѓанската иницијатива „450 Породилно(Пеленска револуција) која се организираше на социјалните мрежи и брои над 11 000 членови, потребни и се 10 000 потписи.
Слично
